Детски соби

Секоја ваша желба може да стане реалност!

Работиме со искусни, креативни архитекти за исполнување на секоја ваша желба. Дајте ни скица или побарајте предлог за вашите најмили да пораснат во убава, практична и модерна соба.

Детските соби се изработуваат од комбинација на иверка со медијапан. Или со ваш избор на материјал.  

Медијапанот го користиме ако имате некои специфични форми и замисли за вашите најмили. Користиме механизми со меко затварање на вратите и фиоките.