Детска соба

Простор каде што детската фантазија станува реалност!
Нашите детски соби по мерка се дизајнирани да обезбедат удобност, безбедност и инспирација за најмладите. Користиме еколошки материјали и паметни решенија за складирање, создавајќи простор кој расте заедно со вашето дете.

Секоја ваша желба може да стане реалност!

  • Детските соби се изработуваат од комбинација на иверка со медијапан најчесто од производителот Егер.
  • Медијапанот го користиме за изведба на специфични форми и заоблувања. Медијапанот дозволува фарбање во различни бои и нијанси кои се во согласност со вашите замисли. 
  • Користиме механизми со меко затворање на вратите и фиоките, најчесто од Австриската фирма Блум. Но може и друга поефтина варијанта, во зависност од вашиот буџет. 
  • Рачките се секогаш по ваш избор. (може да ги погледнете нашите модели на рачки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)
  • Закачалките се секогаш ваш избор. (може да ги погледнете нашите модели на закачалки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)
  • Соработуваме со искусни и креативни архитекти, дизајнери или според ваш проект за исполнување на секоја ваша желба со цел вашите најмили да добијат убава, практична и модерна соба.

Во продолжение галерија од наши задоволни клиенти.