Дневна соба

Елементите во дневната соба ги изработуваме од фурниран медијапан даб или орев, фарбан медијапан во боја и нијанса по ваш избор, квалитетна оплеменета иверка од производителот Егер или од масивно дрво.

Користиме механизми со меко затварање   на вратите и фиоките  најчесто од Австриската фирма Блум, но може и поефтина варијанта во зависност од вашиот буџет. 

Рачките се секогаш по ваш избор. (може да ги погледнете нашите модели на рачки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)

Закачалките се секогаш ваш избор. (може да ги погледнете нашите модели на закачалки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)

Ако сакате да му додадете модерен елемент на вашиот дом и да ја поделите дневната соба со кујната, ние имаме решение за тоа. Ѕидови или врати кои ги поделуваат кујната и дневната соба и притоа му додаваат уникатен стил на вашиот дом.

Соработуваме со искусни, креативни архитекти за исполнување на секоја ваша желба. 

Во продолжение, дел од нашите готови проекти.