Детска соба

Секоја ваша желба може да стане реалност!

Детските соби се изработуваат од комбинација на иверка со медијапан најчесто од производителот Егер.

Медијапанот го користиме за изведба на специфични форми и заоблувања. Медијапанот дозволува фарбање во различни бои и нијанси кои се во согласност со вашите замисли. 

Користиме механизми со меко затворање на вратите и фиоките, најчесто од Австриската фирма Блум. Но може и друга поефтина варијанта, во зависност од вашиот буџет. 

Рачките се секогаш по ваш избор. (може да ги погледнете нашите модели на рачки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)

Закачалките се секогаш ваш избор. (може да ги погледнете нашите модели на закачалки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)

Соработуваме со искусни и креативни архитекти, дизајнери или според ваш проект за исполнување на секоја ваша желба со цел вашите најмили да добијат убава, практична и модерна соба.

Во продолжение галерија од наши задоволни клиенти.