Кујна

Кујната е место каде што сите поминуваме голем дел од денот. Па затоа сакаме да ни биде што попријатно и поубаво. Нашиот тим знае да се погрижи за тој дел да биде удобен и пријатен во секој поглед.

Елементите во кујната ги изработуваме од фурниран медијапан, фарбан медијапан и квалитетно оплеменета иверка од брендот Егер.

Од работините плочи за кујна можете да изберете ламинатна, ламинам, гранит, масивно дрво, керок 

Користиме механизми со меко затварање   на  вратите и фиоките најчесто  од   Австриската фирма Блум, но може да се искористат и други механизми во зависност од вашиот буџет. 

Рачките се секогаш ваш избор. (може да ги погледнете нашите готови модели на рачки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)

Закачалките се секогаш ваш избор. (може да ги погледнете нашите готови модели на закачалки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)

Ако сакате да му додадете модерен елемент на вашиот дом и да ја поделите дневната соба со кујната, ние имаме решение за тоа. Ѕидови или врати кои ги поделуваат кујната и дневната соба и притоа му додаваат уникатен стил на вашиот дом.

Соработуваме со искусни, креативни архитекти за исполнување на секоја ваша желба.

Во продолжение, дел од нашите готови проекти.