Кујна

Совршена комбинација на функционалност и естетика!
Во Алка Мебел Стил создадовме кујни по мерка што совршено одговараат на просторот и стилот на нашите клиенти. Секој проект е уникатен и изработен со висококвалитетни материјали, обезбедувајќи долготрајност, практичност и модерен дизајн. Без разлика дали сакате минималистички, класичен или луксузен изглед, ние го претвораме вашиот сон во реалност.

Кујната е место каде што сите поминуваме голем дел од денот. Па затоа сакаме да ни биде што попријатно и поубаво. Нашиот тим знае да се погрижи за тој дел да биде удобен и пријатен во секој поглед.

  • Елементите во кујната ги изработуваме од фурниран медијапан, фарбан медијапан и квалитетно оплеменета иверка од брендот Егер.
  • Од работините плочи за кујна можете да изберете ламинатна, ламинам, гранит, масивно дрво, керок 
  • Користиме механизми со меко затварање   на  вратите и фиоките најчесто  од   Австриската фирма Блум, но може да се искористат и други механизми во зависност од вашиот буџет. 
  • Рачките се секогаш ваш избор. (може да ги погледнете нашите готови модели на рачки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)
  • Закачалките се секогаш ваш избор. (може да ги погледнете нашите готови модели на закачалки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)
  • Ако сакате да му додадете модерен елемент на вашиот дом и да ја поделите дневната соба со кујната, ние имаме решение за тоа. Ѕидови или врати кои ги поделуваат кујната и дневната соба и притоа му додаваат уникатен стил на вашиот дом.
  • Соработуваме со искусни, креативни архитекти за исполнување на секоја ваша желба.

Во продолжение, дел од нашите готови проекти.