Дневна соба
Секој дом заслужува совршена дневна соба!
Изработуваме дневни соби по нарачка, комбинирајќи стил, удобност и квалитет. Без разлика дали ви треба модерен, класичен или ексклузивен мебел, ние го дизајнираме за да се вклопи во вашиот животен стил.
- Елементите во дневната соба ги изработуваме од фурниран медијапан даб или орев, фарбан медијапан во боја и нијанса по ваш избор, квалитетна оплеменета иверка од производителот Егер или од масивно дрво.
- Користиме механизми со меко затварање на вратите и фиоките најчесто од Австриската фирма Блум, но може и поефтина варијанта во зависност од вашиот буџет.
- Рачките се секогаш по ваш избор. (може да ги погледнете нашите модели на рачки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)
- Закачалките се секогаш ваш избор. (може да ги погледнете нашите модели на закачалки во линкот ставен во првиот збор на реченицата)
- Ако сакате да му додадете модерен елемент на вашиот дом и да ја поделите дневната соба со кујната, ние имаме решение за тоа. Ѕидови или врати кои ги поделуваат кујната и дневната соба и притоа му додаваат уникатен стил на вашиот дом.
- Соработуваме со искусни, креативни архитекти за исполнување на секоја ваша желба.
Во продолжение, дел од нашите готови проекти.